Полицијата го пронајде главниот осомничен за сериските убиства на муслимани     Фото: AP

Полицијата во Ново Мексико го уапси „главниот осомничен“ за кој се верува дека е вмешан во две од четирите убиства - сите јужноазиски муслимани - во Албакерки во изминатите девет месеци, убиства што ги потресоа муслиманите во најголемиот град во сојузната американска држава Ново Мексико.

Властите во вторникот го обвинија 51-годишниот Мухамед Сајед за убиства на двајца муслимани, додека пак се води како осомничен за убиство на уште двајца други.

„Полицијата пронајде возило како предмет на истрагата за убиствата. Возачот е приведен и тој е наш главен осомничен за убиствата“, напиша на Твитер Харолд Медина началникот на полицијата на Албакерки.

Последното убиство беше извршено на човек кој беше застрелан во петокот вечерта.

Албакерки и сојузните власти работеа на обезбедување дополнително полициско присуство во џамиите за време на молитвите додека траеше истрагата во градот, каде живеат околу 5.000 муслимани од вкупното население од 565.000 жители.

Пукањата изведени од заседа на мажите кои биле од пакистанско или авганистанско потекло, ги преплашија муслиманите во Албакерки.

Семејствата се криеја во своите домови, а некои пакистански студенти на Универзитетот во Ново Мексико го напуштија градот поради страв.

Убиства на муслимани

Првото од убиствата се случи во ноември. Тројца други мажи беа убиени во текот на изминатите две недели.

Имтијаз Хусеин, братот на убиениот директор за градско планирање Мухамед Афзаал Хусеин, рече дека веста за апсењето обезбеди мир за многумина од локалното муслиманско население.

„Моите деца ме прашаа: „Можеме ли сега да седиме на нашиот балкон? им реков: „Да“, а тие ми рекоа: „Можеме ли да излеземе да си играме сега? им реков: „Да“, изјави Хусеин.

Официјален претставник на Исламскиот центар на Ново Мексико, најголемата џамија во Албакерки во која се молеле неколкумина од убиените мажи, не беше достапна за коментар.

Тројца од жртвите биле застрелани во близина на Централната авенија во југоисточниот дел на Албакерки. Наем Хусеин (25), возач на камион кој стана американски државјанин на 8 јули, беше убиен во петокот, неколку часа откако присуствуваше на погребот на Афзаал Хусеин (27) и уште една жртва, Афтаб Хусеин (41). Тие беа убиени на 1 август, односно јули 26.

Мухамед Ахмади, муслиман од Авганистан, беше убиен на 7 ноември 2021 година додека пушел цигара пред самопослуга и кафуле што ги водел со својот брат во југоисточниот дел на градот.

Кога му беше кажано за апсењето на Мухамед Имтијаз Хусеин, брат на една од жртвите, пред да биде објавен идентитетот на осомничениот, рече дека чувствува олеснување, но треба да дознае повеќе за напаѓачот и мотивот.

„Ова ни дава надеж дека вистината ќе излезе на виделина. Треба да знаеме зошто ова се случи“, изјави Хусеин.

Претседателот Џо Бајден изминатиот викенд вети единство и поддршка.

„Гневен и тажен сум поради ужасните убиства на четворица муслимани во Албакерки. Додека чекаме целосна истрага, моите молитви се со семејствата на жртвите, а мојата администрација цврсто стои со муслиманската популација. Овие напади мотивирани од омраза не припаѓаат во Америка“, напиша американскиот претседател на Твитер.

TRT World
Популарни