Министерството за внатрешни работи на ОАЕ објави фотографии од уапсените осомничени за убиството / Photo: Ministry of Interior, United Arab Emirates

Осомничените за убиството на израелско-молдавскиот државјанин рабинот Цви Коган, за кој беше објавено дека е убиен во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), фатени се во Туркије во заедничка операција на Националната агенција за разузнавање (МИТ) на Туркије и полицијата.

Според информациите добиени од безбедносни извори, Владата на ОАЕ побарала помош од Туркије, откако било утврдено дека тројцата осомничени од узбекистанска националност, за кои беше објавено дека го убиле рабинот Коган, кој од 2020 година имал продавница за прехранбени продукти во Дубаи, избегале од земјата.

По ова барање во истрагата се вклучил МИТ и започната е операција за фаќање на осомничените за убиството. Откако е утврдено дека авионот во кој биле осомничените ќе слета во Истанбул, МИТ во заедничка акција со полицијата го следела таксито во кое се качиле осомничените.

Алимбај Тахирович (28), Махмудџан Абдурахим (28) и Азизбек Камилович (33), кои биле фатени во запреното такси при сообраќајна контрола, екстрадирани се во ОАЕ.

ОАЕ објавија порака во која ѝ се заблагодаруваат на Туркије за екстрадицијата на осомничените.

Во пораката што ја објави Министерството за надворешни работи на ОАЕ се вели:

„Министерството за надворешни работи (ОАЕ) изразува искрена благодарност до властите на Република Туркије за нивната соработка во фаќањето на сторителите.“

AA
Популарни