Шеикот Мухамед Хамади, функционер на Хезболах во регионот Западна Бека, во источен Либан, беше убиен во вторникот вечерта пред неговата куќа во градот Мачгара.
Неидентификувани вооружени лица во две возила отвориле оган врз Хамади пред да побегнат во непознат правец, според официјалната либанска национална новинска агенција.
Хамади бил пренесен во блиската болница, но набрзо по пристигнувањето им подлегнал на повредите, додава агенцијата.
Хезболах се уште не го коментирал овој напад.
Според условите за прекин на огнот, кој стапи во сила во декември лани, Израел во фази треба да ги повлече своите сили јужно од Сината линија која е де факто граница, додека либанската армија треба да се распореди во јужен Либан во рок од 60 дена.
Податоците од либанското Министерство за здравство покажуваат дека откако израелскиот напад против Либан започна на 8 октомври 2023 година, загинаа најмалку 4.063 луѓе, меѓу кои жени, деца и здравствени работници, додека 16.664 други се повредени.