Израелската армија бомбардираше куќа во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа убивајќи притоа 10 Палестинци, меѓу кои има жени и деца, и повреди 13 лица.
Болницата Ал-Авде во бегалскиот камп Нусејрат објави писмено соопштение во кое се наведува дека израелската армија бомбардирала куќа во кампот. Во нападот се убиени 10 Палестинци, а 13 се повредени.
Според очевидци, меѓу загинатите имало и жени и деца.
Куќата бомбардирана од израелските воени авиони е целосно уништена, а тимовите за цивилна одбрана продолжуваат со напорите за пребарување и спасување.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, убиени се 41.206 Палестинци, од кои најмалку 16.795 деца и 11.378 жени, а 95.337 лица се повредени.
Сѐ уште има илјадници мртви под урнатините кои не можат да бидат извлечени поради израелските попречувања. Во исто време, Израел продолжува со нишанење на цивилната инфраструктура, бомбардирајќи и гранатирајќи болници и образовни институции во кои се засолниле раселените Палестинци.