Во овие напади досега се убиени околу 33.360 Палестинци, вклучувајќи најмалку 14.280 деца и 9.340 жени / Photo: AA

Најмалку 14 Палестинци се убиени, а неколкумина се повредени во израелски воздушен напад на бегалскиот камп Ал Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, објави синоќа палестинската новинска агенција Вафа.

Како што тврди агенцијата, израелски воени авиони бомбардирале станбен објект во кампот пред празникот Рамазан Бајрам, кој го означува крајот на месецот на постот Рамазан.

Израел, обвинет за геноцид, започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени околу 33.360 Палестинци, вклучувајќи најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повеќе од 75.993 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства за опстанок.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 62 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните активности и да преземе мерки за да се осигура давањето хуманитарна помош на цивилите во Газа.

AA
Популарни