Најмалку 23 Палестинци се убиени, а повеќе се ранети во утринските израелски воздушни напади на два бегалски кампа во блокираниот Појас Газа.
Израелските борбени авиони денес рано утринава бомбардираа две куќи во бегалскиот камп Ал Магази, во централниот дел на Појасот Газа, како и кампот во јужниот дел на палестинската енклава.
Најмалку 17 Палестинци се убиени, а повеќе десетици се ранети во израелскиот воздушен напад на зграда во бегалскиот камп Ал Магази, во централниот дел на Појасот Газа.
Палестинската агенција ВАФА објави дека најмалку 6 Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети во воздушниот напад на израелската војска на куќа во бегалскиот камп Ал Шабора, во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.
Израел ја продолжи својата воена офанзива на Појасот Газа минатата недела по седумдневната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас. Најмалку 16.248 Палестинци се убиени, а повеќе од 43.616 други се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7. октомври годинава по прекуграничен напад на Хамас. Според официјалните податоци, билансот на израелските жртви во нападот на Хамас изнесува 1.200.