Најмалку 22 лица, меѓу кои има жени и деца, се убиени во бомбардирање на училиште на Обединетите нации (ОН) во кое се засолниле раселените цивили од северниот дел на Појасот Газа, што е под опсада веќе 13 дена, известува Анадолу. Израелските воени авиони го бомбардираа училиштето „Абу Хасан“, кое работи во рамките на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во бегалскиот камп Џабалија, објави палестинската новинска агенција ВАФА. Најмалку 22 лица, меѓу кои има жени и деца, се убиени, а голем број се повредени во израелското бомбардирање на училиштето во кое се засолниле раселените цивили. Пожар избувна во шаторите поставени во училишниот двор, во кои престојуваа Палестинците раселени поради израелските напади. Некои од оние кои ги загубија животите и беа повредени во нападот се префрлени во болниците „Камал Адван“ и „Ел-Авде“ во регионот. Медицинските тимови имаат потешкотии да стигнат до луѓето во училиштето што го бомбардираше Израел. Израелската Армија веќе 13 дена под опсада го држи северниот дел на Појасот Газа, принудувајќи ги луѓето да мигрираат од регионот. На 6 октомври израелската Армија изврши копнен напад врз северниот дел на Појасот Газа, особено врз бегалскиот камп Џабалија. Се верува дека овој чекор е преземен со цел Палестинците од северот на Појасот Газа да се принудат на евакуација и на тој начин да се подготви простор за населба за Израелците, што претходно го објавија израелските медиуми како „Генерален план“. Од почетокот на израелскиот геноциден напад врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, убиени се повеќе од 42.400 Палестинци, а речиси 100.000 се повредени.
17 окт 2024
Убиени се 22 Палестинци во израелскиот напад врз училиште на ОН во Газа
Се верува дека Палестинците од северот на Појасот Газа се принудуваат на евакуација за да се подготви простор за изградба на населба за Израелците, што претходно го објавија израелските медиуми, и е познато како „Генерален план“
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Што друго би сакале да знаете?
Популарни