Единствеанта електрана во Појасот Газа престана со работа вчера поради недосток на гориво.
Извор од палестинската енергетска управа изјави дека електраната останала без гориво, што предизвикало до потполн прекин на струјата во Појасот Газа.
Претходно, шефот на палестинската енергетска управа, Џафер Мелхем, изјави дека единствената електрана во Појасот Газа ќе се затвори за неколку часа.
Како резултат на одлуката на кабинетот во Тел Авив, Израел веќе го „запрел снабдувањето на Појасот Газа со струја од минатата недела“, како одговор на операцијата што ја започна палестинската група Хамас.
Мелхем верува дека цел на Израел е „да ја лиши Газа од сите извори и целиот регион да го претвори во место несоодветно за живеење“.
Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, во саботата наутро објави дека ја започнала операцијата „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, а нивните вооружени групи влегле во населбите во регионот.
Групата соопшти дека операцијата е одговор на израелските напади врз комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници.
Израелската војска во знак на одмазда против Хамас ја започна операцијата „Железни мечеви“ во Појасот Газа.
Во насилствата меѓу двете страни убиени се над 2.255 луѓе, од кои 1.055 Палестинци во Појасот Газа и 1.200 Израелци на територијата на Израел.