Според УНИЦЕФ, секој ден се пријавуваат и околу десет повредени деца / Photo: Reuters

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека од 4 октомври секој ден во Либан се пријавува смрт на најмалку едно дете.

УНИЦЕФ, исто така, изјави дека секој ден се пријавуваат околу десет повредени деца.

Констатирано е дека многу деца, кои не се физички повредени, поминуваат низ длабоки трауми поради насилство.

Според соопштението на УНИЦЕФ, многу деца покажале сериозни знаци на емоционална вознемиреност, вклучувајќи анксиозност од разделување, агресија и проблеми со концентрацијата.

Децата се соочуваат со нарушувања на спиењето, кошмари, главоболки и губење на апетитот.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел повика на итен прекин на огнот со цел да се заштитат децата.

„Актуелната војна во Либан ги уништува животите на децата, предизвикувајќи им сериозни физички повреди и длабоки емоционални лузни. Кога децата се принудени да трпат трауматски стрес долг период тие се соочуваат со сериозни здравствени и психолошки ризици, а последиците можат да траат цел живот. “ истакна Расел.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека од октомври минатата година починале 166 деца, додека 1.168 од нив се повредени.

TRT Balkan / агенции
Популарни