„Денес нашите екрани повторно беа исполнети со снимки на деца што се убиени, запалени, семејства што се обидуваат да избегаат од бомбардираните шатори“, објави УНИЦЕФ.      Фото: АА (Архива) / Photo: AA Archive

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека израелското бомбардирање на шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во дворот на болницата во Газа треба длабоко да го потресе светот.

УНИЦЕФ сподели порака за израелските напади на својот профил на социјалната мрежа X.

„Денес нашите екрани повторно беа исполнети со снимки на деца што се убиени, запалени, семејства што се обидуваат да избегаат од бомбардираните шатори“, објави УНИЦЕФ.

Во пораката се наведува дека овие снимки треба длабоко да го потресат светот и се апелира веднаш да се стави крај на ова страшно насилство врз децата.

Се истакнува дека 15 деца се убиени во последователните бомбардирања на болницата и училиштето од страна на Израел, што уште еднаш покажа дека во Газа нема безбедно место.

Најмалку четворица Палестинци се убиени, од кои едно дете и една жена, а 40 лица се повредени во израелскиот напад врз шаторите во кои раселените цивили престојуваа во кампусот на болницата „Загинати херои на Ал Акса“ во центарот на Газа.

AA
Популарни