Израелското бомбардирање на училишните објекти ја влошило и онака многу лошата хуманитарна ситуација во Газа / Photo: AA

Од 7 октомври 2023 година Израел бомбардирал 212 училишта во Газа, а 53 се целосно уништени. Ова е истакнато во извештајот подготвен од УНИЦЕФ и невладините Education Cluster“ и „Save the Children“ врз основа на сателитски снимки од Газа.

Во извештајот се наведува дека израелското бомбардирање на училишните објекти ја влошило и онака многу лошата хуманитарна ситуација во Газа.

Се вели дека 57 отсто од училиштата на Агенцијата за бегалци на ОН за Палестина (UNRWA) биле погодени во израелските напади.

Исто така, се додава дека раселените лица се сместени во 320 училишта, а 188 од нив биле цел на израелски напади.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 32.490 Палестинци, меѓу кои најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а ранети се 74.889 луѓе. Се вели дека илјадници мртви сè уште лежат под урнатините.

TRT Balkan / агенции
Популарни