УНРВА најави дека ваквата одлука на Израел би можела да доведе до смрт на голем број луѓе и деца / Photo: AA

Одлуката на Израел да ја забрани работата и активностите на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) е нов начин за убивање деца, изјави денеска портпаролот на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), Џејмс Елдер.

„Доколку УНРВА не може да дејствува, хуманитарниот систем во Појасот Газа веројатно ќе пропадне. Значи, ненадејна одлука како оваа значи дека е пронајден нов начин за убивање деца“, рече портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер, пренесе Ројтерс.

Портпаролот наОН, Јенс Ларки, рече дека изјавата на Елдер е „праведен опис на она што властите во Израел одлучија.

„Доколку оваа одлука биде спроведена, тоа ќе придонесе за колективно казнување на жителите на Појасот Газа“, рече Ларки.

УНРВА најави дека ваквата одлука на Израел би можела да доведе до смрт на голем број луѓе и деца, а доколку таа целосно се спроведе, ќе претставува форма на колективна казна за сите жители на окупираната палестинска енклава.

Израелскиот Кнесет во понеделникот го усвои нацрт-законот со кој се забранува на УНРВА да работи во Израел, предизвикувајќи загриженост дека испораката на хуманитарна помош во окупираната палестинска енклава ќе биде загрозена.

Потегот на Израел го осудија многу држави и органиации.

TRT Balkan / агенции
Популарни