Ѓуриќ задоволен од динамиката на политичкиот дијалог меѓу Србија и Израел / Фото: Reuters

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ изрази задоволство од динамиката на политичкиот дијалог меѓу Србија и Израел.

Ѓуриќ разговараше со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар, а неговиот кабинет соопшти дека во тој телефонски разговор изразил надеж дека во наредниот период ќе има дополнително зајакнување на српско-израелската соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Тој нагласи дека Србија внимателно ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и силно го поддржува постигнатиот договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој го поздрави досегашното ослободување на заложниците, изразувајќи надеж дека прекинот на огнот ќе придонесе за што поскоро ослободување на сите киднапирани.

Шефот на српската дипломатија потсети дека српскиот државјанин Алон Охел се уште е меѓу заложниците и дека Србија ќе продолжи да се залага за негово ослободување.

AA
Популарни