Како резултат на израелската офанзива, за исчезнати се водат над 11.000 луѓе / Photo: AA

Палестинските медицински тимови ги извлекоа телата на 120 луѓе под урнатините во Газа, со што вкупниот број на убиени Палестинци во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година наваму достигна 47.283, соопшти денес Министерството за здравство.

Министерството додаде во последните 24 часа во болниците префрлени се 306 повредени лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 111.472.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со која е прекината геноцидната војна на Израел.

Договорот за прекин на огнот во три фази вклучува размена на затвореници и одржлив мир, со цел траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа.

Како резултат на израелската офанзива, за исчезнати се водат над 11.000 луѓе, предизвикано е масовно разорување и огромна хуманитарна криза која ги однесе животите на многу постари луѓе и деца во една од најлошите глобални хуманитарни катастрофи досега.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

TRT Balkan / агенции
Популарни