Претходно денеска илјадници раселени палестинци почнаа да се евакуираат од источниот дел на Деир ал Балах во централниот дел на Газа по новите израелски наредби за евакуација / Photo: AA

Најмалку 13 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, загинаа во израелските напади врз различни делови на градот Кан Јунис на југот од Појасот Газа во последните неколку часа.

Во соопштението на болницата Насер во Кан Јунис, се наведува дека во болницата се донесени 13 лица кои загинал во нападите, како и голем број повредени.

Седум Палестинци, меѓу кои две деца и пет жени, беа убиени во израелско бомбардирање на шаторите на раселените лица источно од Кан Јунис.

Шест Палестинци загинаа во нападите врз источните делови на градот, каде што се наоѓаат палестински куќи.

Претходно денеска илјадници раселени палестински цивили почнаа да се евакуираат од областите во источниот дел на Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа по новите израелски наредби за евакуација.

Претходно областа беше одредена како „безбедна зона“ за цивили, но израелската армија им нареди на жителите да ја напуштат пред новата воена операција таму.

Воениот портпарол Авичај Адраи рече дека одредени населби во Деир ал Балах сега се сметаат за „опасна борбена зона“, повикувајќи ги жителите да се движат на запад пред неизбежниот напад врз областа.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Појасот Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во израелските напади врз Газа оттогаш загинаа повеќе од 40.220 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 92.980, според локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

AA
Популарни