Бројот на убиени новинари во израелските напади од 7 октомври досега се зголеми на 140 / Фото: AA

Уште двајца новинари се убиени во Појасот Газа, со што бројот на убиени новинари во израелските напади од 7 октомври досега се зголеми на 140.

Канцеларијата за медиуми во Газа соопшти дека во текот на израелската рација на болницата Ал-Шифа во градот Газа убиени се новинари на локалната радиостаница „Гласот на Ал Акса“, Мохамед Ал-Сајед Абу Скхеил и Тарек Абу Скхеил.

Израелската војска се повлече од болницата Ал-Шифа во понеделникот наутро по 140-дневната рација, оставајќи зад себе десетици убиени и огромни траги на разорувања, соопшти претходно Канцеларијата за медиуми.

Израел, обвинет за геноцид, започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени околу 32.975 Палестинци во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни средства за опстанок.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

AA
Популарни