Јужна Африка го иницираше случајот за геноцид против Израел во Меѓународниот суд на правдата на 26 декември 2023 година / Photo: AA

Јужна Африка денеска го поздрави вклулувањето на Туркије во случајот за геноцид во Газа против Израел во Меѓународниот суд на правдата. Роналд Ламола министер за меѓународни односи и соработка на Јужна Африка изјави дека тоа ќе донесе нова перспектива.

„Интервенцијата на Туркије ќе му овозможи на највисокиот суд да го види тоа од нова перспектива. Приклучувањето на Туркије во случајот на Јужна Африка против Израел покажува колку е цврст случајот, изјави Ламола на новинарите во.

Анкара минатата недела ја поднесе својата изјава дека се приклучува на случајот за прекршување на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид што Јужна Африка го покрена против Израел.

Туркије е седмата држава која се вклучи во процесот, по Никарагва, Колумбија, Либија, Мексико, Палестина и Шпанија.

Јужна Африка го иницираше случајот за геноцид против Израел во Меѓународниот суд на правдата на 26 декември 2023 година, тврдејќи дека Тел Авив ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година поради неговата тековна офанзива на Појасот Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни