Јужна Кореја истрела балистичка ракета, возвраќајќи на Северна Кореја која пред два дена истрела неколку балистички ракети со краток дострел.
Здружениот генералштаб на Јужна Кореја (ЈЦС) соопшти дека војската истрелала балистичка ракета земја-земја Хјунму-II во Жолто Море вчера.
Според ЈЦС, проектилот бил лансиран од западниот крајбрежен округ Таеан, 108 километри југозападно од главниот град Сеул.
Северна Кореја во вторникот истрела најмалку седум балистички ракети со краток дострел во Источното Море.
Испалувањето на балистичките ракети од Сеул во морските води го поттикнало севернокорејското лансирање ракети, соопшти Здружениот генералштаб.
„Преку оваа вежба со боева стрелба, нашата војска ја покажа својата силна решеност да одговори на секоја провокација од Северна Кореја, како и капацитетите и ставот за прецизни напади против непријателското потекло на провокацијата“, се вели во соопштението на ЈЦС.
Минатата недела во четвртокот Северна Кореја ја тестираше својата нова интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-19 во она што Пјонгјанг го опиша како „крајна“ верзија на нејзините ракети со долг дострел.
Војската на Јужна Кореја, исто така, одржа вежби против беспилотни летала во Сеул во четвртокот. Тоа се случи откако Северна Кореја ја обвини јужнокорејската војска за упад со беспилотни летала над главниот град Пјонгјанг минатиот месец.
Лансирањето проектили на Корејскиот Полуостров се случува во период на зголемени тензии откако Сеул рече дека Пјонгјанг распоредил илјадници војници во Русија, која е во војна со Украина.
Како одговор, Сеул може да ја преиспита забраната за испорака на оружје за Киев, предупреди јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, чиј рејтинг падна на 17%, што е најниско откако ја презеде функцијата во мај 2022 година.