Јужна Кореја со највисока стапка на самоубиства меѓу развиените земји / Photo: МИА

Стапката на самоубиства во Јужна Кореја е највисока меѓу најголемите напредни земји бидејќи речиси 13.000 луѓе извршиле самоубиство во 2022 година, покажуваат најновите податоци.

Врз основа на податоците, 24,1 од секои 100.000 луѓе извршиле самоубиство во земјата.

Следна е Литванија со 18,5, потоа Словенија 15,7, Јапонија 15,4 и Белгија 14,8, соопшти агенцијата.

„Самоубиството е тесно поврзано со квалитетот на животот на поединците. Стапката на самоубиства има тенденција да се зголемува во согласност со драстичните општествени промени или нестабилности, така што претставува структурна карактеристика на едно општество и општествено единство“, се вели во извештајот на Статистик Кореа.

Стапката на самоубиства кај мажите е поголема од жените.

Јужна Кореја, исто така, бележи постојан пад на новороденчињата и покрај тоа што потроши околу 200 милијарди долари во последните 16 години за промовирање на растот на населението.

Минатата година, Светскиот економски форум предупреди дека ако продолжи сегашната ниска стапка на наталитет, нацијата „ќе биде помалку од половина од сегашната до крајот на векот“.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, исто така, минатата година предупреди дека „времето е кратко“ и ги повика властите да пристапат кон прашањето за нискиот наталитет со извонредна решителност.

AA
Популарни