До вторник наутро, 3.463 лица биле преместени на повисоките места, а еден 25-годишник е пријавен за исчезнат во Улсан, според властите.          Фото: Ројтерс

Илјадници Јужнокорејци беа евакуирани поради тајфунот Хинамнор што ги погоди јужните делови на земјата, соопштија властите во вторникот, а обилните врнежи од дожд и силните ветрови се очекува да продолжат во текот на денот. Голем дел од жителите се без струја.

Во градот Бусан, забележани се големи бранови како удираат во пристаништето, оставајќи поплавени патишта и скршени огради.

До вторник наутро, 3.463 лица биле преместени на повисоките места, а еден 25-годишник е пријавен за исчезнат во Улсан, според властите. Тајфунот предизвика и проблеми во меѓународниот сообраќај бидејќи откажани се стотици летови. Во делови од земјата се затворени и училиштата.

Тајфунот, кој се движел кон север со околу 52 километри на час го напуштил Корејскиот полуостров околу 7 часот, според Корејската метеоролошка управа. Се очекува да се упати кон североисток и да помине околу 400 километри северозападно од Сапоро, Јапонија, околу полноќ во вторник, соопшти агенцијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни