Израелската армија во понеделникот нареди евакуација на Палестинците од источен Рафах / Photo: AA

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека околу 110.000 луѓе го напуштиле Рафа заради безбедност.

„Како што бомбардирањето на израелските сили се интензивираше во Рафах, принудното раселување продолжи. Никаде не е безбедно во Појасот Газа и условите за живот се страшни. Единствена надеж е итен прекин на огнот“, соопшти УНРВА на платформата X.

Израелската армија во вторникот ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафах на границата со Египет, витален пат за хуманитарната помош за Газа.

Овој потег следуваше еден ден откако армијата нареди евакуација на Палестинците од источниот дел на Рафах, потег што нашироко се смета за увертира за израелскиот копнен напад врз градот, во кој живеат околу 1,5 милион раселени Палестинци.

AA
Популарни