Луѓето во Бугарија имале најголеми, а во Финска најмали проблеми со затоплувањето / Photo: Reuters

И домаќинствата во државите членки на ЕУ имаат проблем со греењето. За повеќе од девет проценти од домаќинствата во Унијата греењето е луксуз. Резултатите од истражувањата кои ги објави Евростат покажуваат дека овој процент расте.

Во 2022 година 9,3 проценти од населението во Европската унија не можело да го загрее домот соодветно. Тоа е за 2,4 проценти повеќе од 2021 година.

Бугарија со најголеми проблеми

Најевидентна е ситуацијата во Бугарија. Таму над 22 проценти од домаќинствата одговориле дека не можеле соодветно да го загреат домот. Ситуацијата е слична со повеќе од 19 проценти од домаќинствата во Кипар, 18,7 проценти во Грција, 17,5 проценти во Литванија и Португалија. Нешто помалку односно 17,1 проценти од домаќинствата во Шпанија го дале истиот одговор како и 15,2 проценти од домаќинствата во Романија.

Каде е најдобро?

За разлика од нив постојат држави во ЕУ чии домаќинства имаат минимални проблеми со затоплувањето. Само 1,4 проценти од домаќинствата во Финска имаат вакви проблеми. По Финска следува Луксембург каде само 2,1 проценти од домаќинствата одговориле дека имаат проблеми со затоплувањето. Слична е ситуацијата и во Словенија со 2,6 проценти, Австрија со 2,7, Чешка со 2,9 проценти.

Над три проценти од домаќинствата имаат проблеми со затоплувањето во Шведска и Естонија. Во Шведска тоа е случај со 3,3 проценти, а во Естонија со 3,4 проценти од домаќинствата.

TRT Balkan / агенции
Популарни