Унгарија стави вето на финансирањето на Европската Унија (ЕУ) во износ од 50 милијарди евра за Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан на платформата X објави дека земјата ставила вето и на дополнителното финансирање за Украина и на седумгодишниот буџет на ЕУ, познат и како повеќегодишна финансиска рамка (МФФ).
„Ќе се вратиме на прашањето следната година во Европската комисија по соодветна подготовка“, додаде тој.
Во врска со одлуката донесена вчера за почеток на пристапните преговори со Украина, тој рече дека тоа ќе биде „лоша одлука“ и нагласи дека Унгарија „не учествувала во оваа одлука“.
TRT Balkan / агенции