Венс: Ќе искористиме економски, но и воени алатки ако Путин не преговара / Photo: AFP

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс предупреди дека САД би можеле да воведат санкции и евентуално да преземат воена акција доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за мировен договор со Киев кој гарантира долгорочна независност на Украина.

Венс за Вол Стрит Журнал рече дека сите опции остануваат „на маса“, вклучително и потенцијалното распоредување на американски војници во Украина, доколку Москва не успее да се вклучи во разговорите со добра волја.

„Постојат економски алатки кои може да се искористат, а секако има и воени алатки на располагање“ кои Вашингтон би можел да ги искористи против Путин, рече Венс.

Забелешките следуваат по најавата на претседателот Доналд Трамп дека започнал преговори со Путин за ставање крај на војната во Украина.

„Претседателот нема да навлегува во ова со претходни предрасуди“, рече Венс. „Тој ќе им каже: „Сè е во игра, ајде да постигигнеме договор“.

Венс, треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција, и рече дека верува оти конечниот договор ќе биде неочекуван.

„Мислам дека има договор што ќе произлезе од овие напори што ќе ги шокира многу луѓе“, рече тој.

Забелешките на Венс дојдоа еден ден откако американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека Украина најверојатно нема да ја врати својата територија изгубена од 2014 година, нема да влезе во НАТО преку преговори и дека приоритетите на САД се оддалечуваат од европската и украинската безбедност.

AA
Популарни