Влада во Газа: Во израелските напади од 7 октомври убиени 152 новинари / Photo: AA

Владата во Појасот Газа објави дека 152 новинари се убиени во израелските напади од 7 октомври минатата година во опколената палестинска енклава. Канцеларијата за медиуми потврди дека уште еден новинар е убиен во нови израелски напади. Тие истакнаа дека е убиен новинарот Селим ал Шарефа, кој работел за телевизијата Ал Акса. Тие потврдија дека бројот на убиени новинари во Појасот Газа е зголемен на 152.

Министерството за здравство на Газа во четвртокот соопшти дека 37.431 Палестинец, меѓу кои најмалку 15.517 деца и 10.279 жени, се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври.

Се верува дека илјадници загинати Палестинци се под урнатините.

AA
Популарни