Во соопштението на владината канцеларија за медиуми во Газа се наведува дека „израелската окупаторска армија продолжува со нападите, геноцидот и етничкото чистење врз палестинскиот народ за време на празникот Рамазан Бајрам“.
Палестинската влада во Газа објави дека Израел продолжил со нападите врз Појасот Газа и извршил геноцид за време на Рамазан Бајрам.
Во соопштението за печатот на владината канцеларија за медиуми во Газа се наведува дека „израелската окупаторска армија продолжува со нападите, геноцидот и етничкото чистење врз палестинскиот народ за време на Рамазан Бајрам“.
Тие потсетија дека 14 лица беа убиени во бегалскиот камп Нусејрат во пресрет на Бајрам.
„Газа го пречека Рамазан Бајрам со голема тага и болка, убиени и повредени. Окупаторските сили продолжуваат да бомбардираат куќи и цивилни објекти“.
„Американската администрација и претседателот Џо Бајден, кои сè уште му даваат зелено светло на израелскиот окупатор и им обезбедуваат оружје и муниција, се одговорни за геноцидот извршен од окупаторските сили“, додадо од Владата.
Во соопштението се нагласува дека Израел ги потцени вредностите на муслиманите и на палестинскиот народ кои продолжуваат да пружаат отпор.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 33.560 Палестинци, од кои најмалку 14.500 деца и 9.560 жени, а беа ранети 76.049 луѓе.
Под урнатините има уште мртви, но поради попречување од израелските војници, медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.