Во Истанбул уапсен терорист на ДАЕШ кој подготвувал напад во Туркије / Photo: AA

Турските безбедносни сили уапсија странски државјанин, терорист на ДАЕШ, за кој е утврдено дека подготвувал терористички напад во Туркије.

Тимови на турската полиција утврдиле дека осомничениот М.А. преку медиумските органи на терористичката организација правел заканувачки видеа и ширел пропаганда за акцијата на подрачјето на земјата, особено во подрачјето каде што има голема концентрација на локални граѓани и туристи.

М.А. е уапсен во Истанбул, а при претресот на станот запленети се таканаречени знамиња на терористичката организација ДАЕШ, потоа шаблони, бои и калапи кои се користат за нивна изработка, и предмети, како ножеви, што планирал да ги употреби за време на нападот.

Во тек на прегледот на запленетиот дигитален материјал пронајдена е снимка на која се гледа како осомничениот дава на новоприклучен член да се заколне на верност на терористичката организација. Од одземената документација утврдено е дека осомничениот планирал акции против домашни и странски туристи и туристички објекти во земјата.

AA
Популарни