Војската објави дека нејзините сили, исто така, уапсиле 180 осомничени како дел од рацијата / Photo: AA

Израелските сили убија 50 Палестинци во болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа, соопшти во вторникот армијата.

Војската објави дека нејзините сили, исто така, уапсиле 180 осомничени како дел од рацијата во објектот од понеделникот.

„Се водат битки меѓу израелските сили и палестинските борци“, додаде армијата.

Израелската армија рано во понеделникот објави дека нејзините сили упаднале во болницата Ал-Шифа, во која се сместени илјадници болни и ранети Палестинци, како и раселени лица.

Како што тогаш објави израелскиот јавен сервис КАН, околу 80 Палестинци биле приведени во објектот.

Израел, обвинет за геноцид, почна со напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас.

Повеќе од 31.800 Палестинци, главно жени и деца, оттогаш се убиени во енклавата, а речиси 74.000 се повредени.

На 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напад и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот, по тужбата поднесена од Јужноафриканска Република.

Според Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништени.

AA
Популарни