Ранетите новинари со палестински медицински екипи биле пренесени во најблиската болница / Photo: AA

Четворица новинари се ранети во израелски напад врз Џенин на северот на Западниот Брег.

Од истрелите на израелските војници ранети се четворица новинари кои известуваа за нападот на израелската Армија врз населено место во Џенин. Ранетите новинари со палестински медицински екипи биле пренесени во најблиската болница.

Членот на Комисијата за зонирање во Џенин, Али Зекарна, за Анадолу зборуваше за уништувањето и штетата што израелската армија ги предизвика во градот и во бегалскиот камп.

„Џенин е уништен. Уништени се околу 70 отсто од источниот дел на градот и бегалскиот камп“, рече Зекарна.

Потенцирајќи дека уништувањето е исклучително големо, Зекарна нагласи дека силата на локалните, приватните и државните институции нема да биде доволна за реконструкција.

Тој изјави дека сè уште е невозможно целосно да се утврди степенот на уништување во Џенин.

„Израелската армија ја уништи целата инфраструктура во бегалскиот камп. Водата и струјата беа исклучени, канализацискиот систем е целосно оштетен. Обемот на уништување е навистина огромен, неопишано“, изјави Зекарна.

Тој рече дека Џенин е претворен во целосна зона на катастрофа.

Зекарна ги повика меѓународните и институциите на Обединетите нации (ОН) да дојдат во градот и на самото место да го видат уништувањето.

„Најмалку 400.000 луѓе купуваа на пазарот во центарот на Џенин“, рече Зекарна, наведувајќи дека нема оправдување или изговори за уништувањето на пазарот предизвикано од израелската армија.

Тој посочи и дека болницата е под блокада, струјата, водата и гасот се исклучени, а недостасуваат и лекови.

Зекарна напомена дека многу луѓе во градот се раселени.

На 28 август Израел објави дека ги започнал своите најинтензивни и најсеопфатни напади врз бегалските кампови во градовите Џенин, Тулкарем и Тубас, кои ги нарече „летни кампови“.

AA
Популарни