Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 17.997 палестински цивили.
Само во последните 24 часа загинаа 297 Палестинци.
Ашраф ал Кудра, портпарол на Министерството за здравство во Газа, изјави дека бројот на убиените цивили достигнал 17.997.
Тој истакна дека од 7 октомври во израелските напади биле повредени 49.229 цивили.
Повеќе од два месеца Газа е под силно бомбардирање од страна на израелската армија.
Израелските сили бомбардираат населби, болници, училишта, џамии и цркви во Појасот Газа.
Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа на 1 декември по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза.
TRT Balkan / агенции