Во израелските напади на Газа убиени 14 Палестинци, вклучително и бебе / Photo: AA Archive

Најмалку 14 лица од исто семејство, вклучително и бебе, се убиени денес во израелски напад на Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Израелските воени авиони ја бомбардираа куќата на семејството Хатаб. По нападот од урнатините се извлечени телата на 14 лица, меѓу кои и на едно бебе.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 27.365 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 66.630 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Според податоците на Обединетите нации, 85 отсто од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, а околу 60 отсто од инфраструктурата во Појасот Газа се оштетени или уништени.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртви на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни