Во нападите што Израел ги изврши врз блокираниот Појас Газа животот го загубија 198 лица, а 1.610 се повредени, соопшти Министерството за здравство на Палестина.
Во информацијата споделена на профилот на Министерството на социјалната мрежа Х, се наведува дека досега загинале 198 лица, а 1.610 се повредени.
Иако не се дадени информации за подрачјата во кои има жртви, во објавата се вели дека податоците ќе бидат ажурирани секој час.
Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, рано утринава објави дека ја започнала операција „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, соопштувајќи дека вооружени групи влегле во населбите во регионот.
Израелската војска подоцна објави дека извршила напади на Појасот Газа со десетици борбени авиони.