Во израелските напади од октомври убиени 40.476 Палестинци / Photo: AA

Најмалку уште 41 Палестинец загинаа во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври досега се искачи на 40.476, соопшти денес Министерството за здравство на погодената територија.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 93.647 се повредени во текот на нападите.

„Израелските сили убија 41 лице и повредија 113 во три 'масакри' на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од 7 октомври минатата година.

По повеќе од 10 месеци од почетокот на израелскиот напад огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

AA
Популарни