Погодени се и околу 222.000 станбени единици

Израелската офанзива во Појасот Газа оштети 192 џамии, вклучително и 56 кои беа целосно уништени од окупаторските сили, објави доцна во понеделникот Канцеларијата за медиуми во Газа.

„Поради израелската агресија, 192 џамии се оштетени, од кои 56 џамии целосно уништени, а цел на напади беа и три цркви“, рече портпаролот Салама Маруф на прес-конференција во градот Газа.

Тој додаде дека се оштетени 192 медицински и здравствени установи и уништени се 32 амбулантни возила, значителни штети претрпеле 113 здравствени установи, а 16 болници и 32 здравствени домови не работат.

Погодени се и околу 222.000 станбени единици, при што 10.000 згради се целосно демолирани и 40.000 станбени единици се уништени од Израелците, истакна Маруф.

Тој додаде дека израелските окупатори уништиле 222 училишта, нанесувајќи разни видови штети поради континуираното гранатирање, а 60 училишта се затворени, додека од почетокот на агресијата уништени се 88 владини згради.


AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати