Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа загинаа уште најмалку 22 Палестинци, со што бројот на убиени од 7 октомври е зголемен на 39.699.
„Окупаторските израелски сили извршија уште четири масакри во Појасот Газа во изминатите 24 часа, во кои загинаа 22 лица, а 77 се ранети“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство во Појасот Газа.
Така, бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади е зголемен на 39.699, а бројот на ранети на 91.722.
Во соопштението се наведува дека голем број жртви сѐ уште се заробени под урнатините бидејќи спасувачките тимови не се во можност да спроведат операции за пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.
AA