Израелската војска уби уште еден новинар во Појасот Газа, каде што со месеци продолжува со нападите.
Според веста на палестинската новинска агенција ВАФА, израелски воени авиони ја бомбардирале куќата на новинарот Исам ал Лулу во регионот Ал Завајда во централниот дел на Појасот Газа.
Во нападот загинаа новинарот со сопругата, синот, снаата и внуката.
Во израелските напади од 7 октомври досега убиени се 121 новинар.
Во израелските напади од почетокот на нападите на 7 октомври досега загинати се 26.422 Палестинци, а 65.087 се повредени.
Министерството за здравство во Појасот Газа вчера објави дека поради продолжувањето на израелските напади, екипите на брза помош и цивилната заштита не можат да ги спроведуваат акциите за пребарување и спасување.
AA