Монтасер Ал-Саваф, слободен камерман на агенцијата Анадолија кој известуваше од Газа,денеска беше убиен во израелските воздушни напади, кои следуваа по еднонеделната пауза.
„Саваф, неговиот брат Мерван и другите членови на семејството загинаа за време на израелските воздушни напади во населбата Ед-Дурц во јужна Газа. Откако беше тешко повреден во бомбардирањето, Ал-Саваф мораше да чека брза помош околу половина час. на крајот беше пренесен во Баптистичката болница Ал-Ахли со приватно возило откако не пристигнаа медицински тимови “, изјави за АнадолијаХасан Исмамех, братучед на Ал - Саваф.
Ал Саваф, заедно со неговиот брат и другите роднини убиени во нападот на Израел, беше погребан на гробиштата Ал Батш во градот.
Претседателот и извршен директор на Анадолија изрази сочувство
Сердар Карагоз, претседател и извршен директор на Анадолија, изрази сочувство и го осуди фактот дека 71 новинар до сега бил убиен во израелските напади врз Газа.
„Во Анадолија, ние се бориме да ја обезбедиме безбедноста на нашите колеги кои со голема посветеност ги извршуваат своите должности под исклучително тешки услови во Газа. Во име на сите наши колеги кои ги загубија животите во нападите на израелската влада во Газа, вклучително и на Монтасер Ал-Саваф, ќе ја продолжиме нашата борба за одговорните за овие напади да бидат повикани на одговорност според меѓународното право“,рече Карагоз.
Карагоз изрази сочувство до семејствата на сите новинари кои ги загубија животите во Газа.
„Денес, бомбите лансирани од израелската влада врз Палестина не само што паѓаат врз палестинските деца, болниците, училиштата, џамиите и црквите, туку и врз западните вредности, меѓународното право, човековите права и сè што се залага за добрина. Тоа ги урива овие вредности, а меѓународната заедница, која треба да ги поддржува овие вредности, е еден од главните губитници во Газа“, рече Каргоз.
Пркосејќи на меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија денеска објави дека ги продолжила нападите во Појасот Газа, бидејќи завршила хуманитарната пауза која траела една недела.
Паузата започна рано на 24 ноември како дел од договорот меѓу Израел и палестинската група на отпорот Хамас за привремено прекинување на борбите за да се овозможи ослободување на заложниците и затворениците од двете страни, како и доставување помош.
Повеќе од 15.000 Палестинци, претежно деца и жени, се убиени во израелските напади од 7 октомври. Според официјалните проценки, убиени се и околу 1.200 Израелци.