Во многу градови во Туркије вчера се одржаа собири за поддршка на Палестина на кои беше упатен апел да запрат бруталните израелски напади врз Појасот Газа.
Групата Палестинска иницијатива организираше собир во Истанбул каде што од присутните се формира колона долга неколку километри во знак на протест против израелските напади врз невините цивили во Појасот Газа.
Од собирот беше упатен повик за прекин на огнот, стопирање на геноцидот во Газа и бојкот на брендовите кои го поддржуваат Израел.
Слични собири се одржаа во многу турски градови, каде се собраа илјадници граѓани.
Граѓаните носеа знамиња на Палестина и Туркије, а меѓу присутните имаше и голем број млади и деца.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, вклучително и врз болници, домови и места за богослужба, по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.
Во израелските напади досега загинаа најмалку 11.100 Палестинци, од кои 8.000 деца и жени. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.200.