Во Москва утре состанок на министрите на Туркије, Русија, Сирија и Иран / Photo: AA

Состанокот на министрите за одбрана и шефовите на разузнавачките служби на Туркије, Русија, Сирија и Иран ќе се одржи утре (вторник) во Москва, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Акар потсети дека министрите за одбрана на Туркије, Русија и Сирија, како и шефовите на разузнавачките служби се состанаа во Москва на 28 декември минатата година и одлучија да продолжат да одржуваат состаноци.

„Подоцна се разменети мислења за учество на Иран на овие состаноци. Ова го одобрија надлежните институции. Овојпат како квартет се подготвуваме за состанокот на кој ќе присуствуваат министри за одбрана и шефови на разузнавачките служби“, рече Акар и додаде:

„Овој состанок е закажан за 25 април во Москва. Наша цел е со преговори да ги решиме проблемите и што поскоро да овозможиме мир во регионот.“ Акар истакна дека по состанокот се очекуваат неколку позитивни чекори.

Тој додаде дека Туркије е одлучна во борбата против тероризмот и дека има за цел да обезбеди Сиријците кои во Туркије се доброволно, безбедно и достоинствено да се вратат во татковината.

„Со браќата и сестрите Сиријци сме заедно, било да се во Туркије или Сирија. Не доаѓа в предвид да донесеме било каква одлука која ќе ги доведе во неволји“, нагласи турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

TRT Balkan / агенции
Популарни