Во нападите од Газа загинаа 100 Израелци, повеќе од 1.000 повредени / Photo: AA

Најмалку 100 Израелци загинаа, а повеќе од илјада се ранети во нападите на Израел кои Хамас утрово ги изведе од окупираниот Појас Газа.

Радиото на израелската војска објави дека досега во нападите на оруженото крило на Хамас загинале 100 Израелци, а дека повеќе од 1.000 лица се повредени во целата земја.

Бригада на военото крило на Хамас, рано утринава објави дека ја започнала операција „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, соопштувајќи дека вооружени групи влегле во населбите во регионот.

Израелската војска објави дека извршила напади на Појасот Газа со десетици борбени авиони.

TRT Balkan / агенции
Популарни