Во последните 24 часа во болницата Ал Акса донесени се 73 тела / Photo: AA

Најмалку 73 тела и 99 повредени лица се донесени во болницата Ал Акса во Газа, во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Министерството не прецизираше во кои израелски напади се загинати и повредени овие Палестинци.

Вчера, израелските напади го таргетираа градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, во кои има и загинати, вклучително и деца, јави дописникот на Анадолу.

Тој истакна дека загинатите и повредените се пренесени во болницата Ал Акса.

Палестинската Црвена полумесечина рано утрово соопшти дека вчера пренела едно тело и 17 повредени лица по израелското бомбардирање на две куќи во Деир ал-Балах.

Палестинската Црвена полумесечина, исто така, додаде дека израелските сили отвориле оган врз неколку цивили долж Салах ал-Дин, главниот автопат во Појасот Газа.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.

Оттогаш најмалку 22.835 Палестинци се загинати, а 58.416 се повредени, според здравствените власти на Газа. Се смета дека речиси 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, со речиси 2 милиони жители раселени, а постои и сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

AA
Популарни