Четвртиот Меѓународен модел на средношколски самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) од 4-7 јануари ќе се одржи во Истанбул, Туркије на тема „Праведната причина на Палестина: Воспоставување постојан и правичен мир“.
Самитот кој го организира Младинскиот форум за исламска соработка (ИЦУФ), синоќа беше најавен на прес-конференција во хотел во истанбулскиот кварт Шишли.
Заменик министерот за национално образование Назиф Јилмаз, на настанот рече дека проектот започнал во 2018 година.
Јилмаз истакна дека на самитот ќе учествуваат 224 студенти и дека ќе се одржат и англиски и арапски сесии за развивање на нивните јазични вештини на тема Палестина и Газа.
Тој рече дека младите луѓе на самитот ќе бараат одговори на прашања од типот на штп треба да се преземат дипломатски иницијативи за да се спречат слични инциденти да се случат во иднина и како овој процес треба да се спроведува во меѓународните односи.
Претседателот на ИЦУФ, Таха Ајхан, рече дека Газа сè уште е „рана што крвари“ и дека тие го знаат придонесот на Туркије за каузата на Газа.
Претседателот на Фондацијата за образование и култура Бејоглу, Шабан Курт им се заблагодари на сите претставници на печатот кои работат во регионот, особено на вработените во Анадолу, што точно ги пренесоа настаните во Газа до светот.
Истакнувајќи дека се залагаат за воспоставување постојан мир во Палестина, Курт рече дека „овие учесници, наши пријатели студенти, преземаат чекори во смисла на признавање и свесност на дипломатската и меѓународната сцена и во исто време на правдата. Со други зборови, нашите децата и студентите кои доаѓаат од исламските земји овде ќе зборуваат за постојан мир во Палестина“.