Геолошкиот завод на САД објави дека епицентарот на земјотресот, кој се случи во 23:10 часот по локално време, бил 75 километри југоисточно од Маракеш, на длабочина 18,5 километри.
Најмалку 2.012 лица загинаа, а 2.059 се повредени во силниот земјотрес кој го потресе Мароко, од кои 1.404 се во критична состојба, соопшти мароканското МВР.
Смртни случаи во земјотресот со магнитуда од 7 степени се забележани во повеќе региони, вклучувајќи ги и провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и во градовите Азилал, Уарзазат, Тароудант и Чичауа.
Во разорен земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтер кој го потресе Мароко, животот го загубија најмалку 2.012 лица, известува Анадолу.