14:00 Акар: Нема прилив на сириски бегалци, 42.000 Сиријци се вратија дома по земјотресот
Околу 42.000 Сиријци од Туркије се вратија во нивната матична земја преку граница по земјотресот на 6 февруари што ги погоди јужните делови на земјата изјави во вторник турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Зборувајќи за новинарите во јужната провинција Хатај, Акар ги негираше тврдењата дека имало прилив на сириски бегалци во Туркије преку нејзината јужна граница, нарекувајќи ги апсолутно невистинити.
Акар рече дека многу сириски граѓани кои живеат во Туркије се враќаат во својата татковина поради загубата на своите домови и роднини.
11:00 Околу 40.000 Сиријци се вратија од Туркије по земјотресите
Околу 40.000 Сиријци кои побегнаа од областите погодени од смртоносните земјотреси на 6 февруари се вратија од Туркије во северозападна Сирија под контрола на бунтовниците во последните две недели откако Анкара ги намали ограничувањата за нивните движења.
Имиграцијата е регистрирана на четири гранични премини што ги држат сириски вооружени групи кои се противат на лидерот на сирискиот режим Башар ал Асад, изјави за Ројтерс офицер за медиуми на граничниот премин Баб Ал Хава со Туркије, кој е под контрола на опозицијата.
Турското Министерство за одбрана потврди дека бројот на Сиријци кои се вратиле во нивната земја достигна 40.000 од понеделникот, додавајќи дека повеќе Сиријци се враќаат, а бројот секојдневно се зголемува.
10:00 Во земјотресот кој вчера ја погоди Малатија загинаа две лица, повредени се 140 лица
Управата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) објави дека во новиот земјотрес со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што вчера ја погоди турската област Малатија, загинале две лица. Се наведува дека повредени се 140 лица.
Од АФАД е соопштено дека 32 лица се спасени од под урнатините по земјотресот чиј епицентар беше во округот Јешилјурт во Малатија.
Меѓу повредените, 12 се во тешка здравствена состојба. Од 140 повредени лица, 40 сè уште се на лекување.
Урнати се 31 зграда, а акциите за пребарување и спасување се завршени во седум објекти.
На терен се наоѓаат 650 луѓе кои работат на потрага и спасување на луѓето затрупани под урнатините.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јешилјурт во турска Малатија вчера во 12:04 часот по локално време.
Земјотресот е почувствуван и во околните области, а е регистриран на длабочина од 6,96 километри.
09:00 Над 10.200 последователни потреси
По двата разорни земјотреси од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари кои беа со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, турската агенција за управување со катастрофи АФАД регистрирала над 10.200 последователни потреси.
Во неделите што следеа, два нови големи земјотреси ја погодија Туркије, еден од 6,4 степени во тешко погодената провинција Хатај на 20 февруари и друг од 5,6 степени во Малатија овој понеделник, предизвикувајќи дополнителни разурнувања и жртви.
Во Туркије загинаа најмалку 44.374 лица, а во Сирија се пријавени 5.914 жртви Илјадници други се повредени.
08:30 Малатија ја потресе земјотрес со јачина од 4,1 степени
По земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, во кој еден ден претходно загина најмалку едно лице, а десетици беа повредени, турската провинција Малатија повторно беше погодена од земјотрес со јачина од 4,1 степени.
Според податоците на АФАД, земјотресот со епицентар во областа Јешиљурт се случил во 5:18 часот по локално време и бил на длабочина од седум километри.
07:30 САД усвои резолуција за жалост за жртвите во Туркије и Сирија
Претставничкиот дом на САД усвои резолуција во која се тагува за загубените животи во земјотресите што ги погодија Туркије и Сирија и со која се осудува режимот на сирискиот Башар ал Асад за блокирање на помошта на ОН преку нејзината граница.
Резолуцијата беше иницијатива на републиканскиот претставник Џо Вилсон од Јужна Каролина, според која „се осудуваат напорите на режимот на Асад во Сирија да ја искористи катастрофата за да го избегне меѓународниот притисок и одговорност“.
„Американските семејства изразуваат искрено сочувство со семејствата кои тагуваат за најблиските и се грижат за здравјето на другите“, рече Вилсон пред гласањето.
„Република Туркије повеќе од 70 години е ценет сојузник на НАТО и како копретседавач на Конгресната група за односите меѓу САД и Туркије и Турските Американци, особено ги поддржувам нивните напори да се задоволат потребите на погодените од земјотресот“, додаде тој.