15:40 Коџа: Како последица на земјотресот во Малатија повредени се 103 лица
Најмалку 103 лица се повредени како последица на земјотресот што во попладневните часови ја погоди Малатија, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јешилјурт во Малатија, Туркије, во 12:04 часот по локално време.
„Во земјотресот од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Малатија, повредени се 103 наши граѓани. Тие се лекуваат во нашите здравствени установи“, рече Коџа.
„Шест од повредените се на операција, тројца се на одделенија за интензивна нега. Посакувам на секој од нив брзо закрепнување“, додаде тој.
Екипите на теренот работат на потрага и спасување на луѓето затрупани под урнатините.
14:40 Спасени 32 затрупани граѓани по денешниот земјотрес во Малатија
Турски АФАД соопшти дека по денешниот земјотрес во Малатија, 32 лица се спасени од урнатините, а продолжуваат операциите за пребарување и спасување на урнатините на две згради.
Како што претходно соопштивме, едно лице загина, а 69 се повредени во земјотресот од 5,6 степени по Рихтеровата скала кој во 12:04 часот по локално време денеска ја погоди турската провинција Малатија. Овој земјотрес следи три недели по земјотресите од 6 февруари.
Од Управата за вонредни ситуации на Туркије (АФАД) соопштија дека епицентарот на земјотресот бил во округот Јешилјурт. Земјотресот се случил на длабочина од 6.96 километри.
„По земјотресот е утврдено дека има урнати згради, а нашите тимови за потрага и спасување брзо се упатени во тој регион и започнаа со акции”, се вели во соопштението од АФАД.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на почетокот на месецот се искачи на 44.374.
13:00 Загинат и повредени во фабрика која делумно се урна во новиот земјотрес
Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени при уривање на дел од фабрика по новиот земјотрес што денеска ја погоди Малатија, во Туркије.
Работниците отстранувале материјал од фабрика која беше тешко оштетена во земјотресот на 6 февруари, кога три недели подоцна друг земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди блиската област.
Како последица на уривањето што се случи во дел од фабриката, пет работници останаа под урнатините.
На местото на настанот се испратени екипи за пребарување и спасување, полиција и лекари. Во акцијата за пребарување и спасување, пронајдено е тело на работник чиј идентитет се уште не е утврден. Четворица повредени работници се префрлени во блиските болници.
Земјотресот е почувствуван и во околните провинции, а е регистриран на длабочина од 6,96 километри.
11:30 Еден загинат и 69 повредени во новиот земјотрес во Малатија
Едно лице загина, а 69 се повредени во земјотресот од 5,6 степени по Рихтеровата скала кој во 12:04 часот по локално време ја погоди турската провинција Малатија.
Од Управата за вонредни ситуации на Туркије (АФАД) соопштија дека епицентарот на земјотресот бил во округот Јешилјурт. Земјотресот се случил на длабочина од 6.96 километри.
“По земјотресот е утврдено дека има урнати згради, а нашите тимови за потрага и спасување брзо се упатени во тој регион и започнаа со акции”, се вели во соопштението од АФАД.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на почетокот на месецот се искачи на 44.374.
10:40 Силен земјотрес регистриран во Малатија
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер ја погоди областа Јесилјурт во Малатија. Регистриран е во 12.04 по локално време.
Од турската Управа за вонредни ситуациии (АФАД) соопштено е дека епицентарот бил во Јесилјурт во Малатија.
Земјотресот се почувствува и во околните места. Забележан е на длабочина од 6,96 километри.
09:30 Ердоган ќе го посети регионот погоден од земјотресот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се очекува да го посети регионот погоден од земјотресот во земјата заедно со претседателот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели.
Се очекува Ердоган да ги посети областа Голбаси во провинцијата Адијаман и областа Доганшехир во провинцијата Малатија.
08:30 Шефот на дипломатијата на Унгарија допатува во солидарна посета на Туркије по земјотресите
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во понеделник ја посети Туркије за да изрази солидарност по смртоносните земјотреси на 6 февруари.
Сијарто ќе се сретне со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град Анкара „за да покаже солидарност и да му пренесе сочувство“, соопшти турското Министерство за надворешни работи во неделата.
Унгарија беше меѓу десетиците земји кои испратија спасувачки тимови и помош по двојните потреси, кои однесоа повеќе од 44.210 животи во 11 јужни турски провинции.
08:00 Египетскиот министер за надворешни работи ќе ја посети Туркије за да покаже солидарност по земјотресите
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во понеделник ќе ја посети Туркије во знак на солидарност.
Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи во неделата се вели дека Шукри ќе ги посети провинцијата Адана погодена од земјотресот и пристаништето Мерсин, каде што ќе пристигне египетски брод со хуманитарна помош.
Посетата на Шукри ќе биде прва посета на министерство за надворешни работи од Египет на Туркије по повеќе од една деценија.
Се очекува Шукри и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу да одржат билатерална средба, се додава во соопштението.