Истрага во Туркије за уривањето на зградите при земјотресите / Photo: TRT World

20:00 Уапсени 184 лица во Туркије во врска со уривањето згради во земјотресите

Туркије уапси 184 лица осомничени за одговорност за уривањето згради во земјотресите овој месец и истрагата се проширува, рече министерот за правда Бекир Боздаг.

Министерот Боздаг рече дека повеќе од 600 луѓе биле под истрага во врска со урнатите згради, говорејќи за време на прес-конференција во југоисточниот град Дијарбакир, кој беше меѓу провинциите погодени од катастрофата.

Боздаг: Уапсени 184 лица во Туркије во врска со уривањето згради во земјотресите AA

„Оние кои се уапсени и на кои им е одреден притвор вклучуваат 79 градежни изведувачи, 74 лица кои сносат законска одговорност за згради, 13 сопственици на имот и 18 лица кои извршиле преправки на згради“, рече Боздаг.

19:00 Емине Ердоган со извршната директорка на Обединетите нации во посета на регионите погодени од земјотресите

Сопругата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Емине Ердоган и извршната директорка на Обединетите нации (ОН) Маимунах Мохд Шариф ги посетија областите Нурдаги и Ислахије во Газиантеп.

Тие посетија во потполност опремена контејнерска населба која се наоѓа на плоштадот „One Heart Turkey" (Едно срце за Туркије) во Нурдаги и се состанаа со семејствата на жртвите од земјотресот.

Емине Ердоган со извршната директорка на Обединетите нации во посета на регионите погодени од земјотресите AA

16:15 АФАД: Се очекува последователните земјотреси во погодените подрачја да траат уште најмалку две години

Орхан Татар, генералниот директор на Секторот за земјотреси и намалување на ризици при турската Агенција за справување со катастрофи и вонреди ситуации (АФАД), на прес-конференција изјави дека досега се забележани вкупно 9.470 последователни земјотреси.

„Ова е нависитна голема бројка. Со друи зборови, гледаме дека не дошло до намалување на бројот на последователните земјотреси. Ова ќе продолжи уште долго, но можно е да се каже дека по одреден временски период ќе се намали и ќе заврши, но сакам да кажам дека очекуваме дека овие дополнителни земјотреси ќе траат уште најмалку две години“, изјави Татар.

14:30 Октај: Службите се на терен, нема пријави за потешки последици од новиот земјотрес

Турскиот потпретседател Фуат Октај соопшти дека надлежните служби се на терен и дека досега нема пријави за потешки последици од денешниот земјотрес кој ја погоди турската провинција Нигде.

„Нашите екипи се на терен, продолжува работата за проценка на штетите. Моментално нема негативна ситуација. Господ нека ја сочува нашата земја и нашиот народ од сите несреќи“, наведе Октај на социјалните мрежи.

Нов земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди денес турската провинција Нигде, која е сместена северно од регионот кој е упориште на големата катастрофа предизвикана од разорните земјотреси што го погодија југот на Туркије на 6 февруари.

АФАД соопшти дека земјотресот се случи во 13.27 часот по локално време со епицентар во дистриктот Бор и на длабочина на тлото од седум километри. Од АФАД исто така соопштија дека денешниот земјотрес во провинцијата Нигде го третираат како посебен земјотрес кој не е поврзан со земјотресите во Кахриманмараш и Хатај.

12:15 Пристигнува уште помош за подрачјата погодени од земјотресите

Додека Туркије ги започнува работите на обнова на станбените единици по разорните земјотреси овој месец, ОН повикуваат на дополнителна помош за оние кои се погодени од катастрофата.

По неколкунеделните пребарувања и спасувања, фокусот на турските власти сега е насочен на рехабилитација на повредените и задоволување на станбените потреби на луѓето кои се раселени поради големите земјотреси.

10:00 Зголемена бројката на загинати во земјотресите

Според АФАД, по земјотресите со епицентар во Кахриманмараш на 6 февруари, следувале уште 9.126 потреси, а бројот на загинатите во земјотресите се искачи на 44.218 во Туркије.

Во Сирија бројот на загинатите се искачи на 5.914.

TRT Balkan / агенции
Популарни