14:15 Цвеќиња и аплауз за спасувачите
Спасувачите кои го ризикуваа животот спасувајќи преживеани по катастрофалните земјотреси во Туркије добиваа големи аплаузи на меѓународните аеродроми при нивното заминување.
Јапонскиот тим за помош при катастрофи кој беше стациониран во Туркије безбедно се врати во Јапонија. Турскиот амбасадор во Јапонија изрази благодарност, велејќи: „Посветеноста на тимот од далечната Јапонија е длабоко врежано во срцата на турскиот народ“. Спасувачите добија аплауз и цвеќиња како знак на благодарност.
Аплауз добија и спасувачките екипи од Грција на аеродромот во Истанбул, кои по успешно спроведените акции се вратија во нивната татковина.
13:50 Спасувачите раскажуваат: Исцрпувачки беше да стигнеме до девојката
Спасувачите кои денес ја пронајдоа Алејна Олмез (17) жива под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Кахраманмараш раскажуваат за акцијата.
Во изјава за Анадолу, Хасер Атлас, член на тимот за пребарување и спасување, кој ја спаси младата жртва од земјотресот, рече дека стигнале до Олмез по долги и исцрпувачки обиди.
Атлас рече: "Прво ја фативме за раката, а потоа ја извадивме. Таа е во многу добра состојба, може да комуницира. Се надевам дека ќе продолжиме да добиваме добри вести за неа".
Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије минатата недела, соопшти во четвртокот Агенцијата за катастрофи на земјата. Спасувачките акции продолжуваат на терен.
12:00 Тинејџерка спасена 11 дена по земјотресот во Кахраманмараш
Спасувачките екипи ја спасија 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије.
На единаесеттиот ден од земјотресите, продолжуваат операциите за пребарување и спасување во овие подрачја. Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупани во урнатините на зграда во подрачјето на Дукадироглу во оваа област.
По нејзиното лоцирање, спасувачите успеаја жива да ја извлечат 17-годишната Олмез која потоа е пренесена во болница.
10:40 „Ворнер брос.“ донира милион долари на жртвите од земјотресот
„Ворнер брос. Дискавери“ донира еден милион американски долари за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија..
„По овој болен настан што го доживеавме, ги променивме нашите преноси на TLC и DMAX за да ги добиваме најновите вести од подрачјето на катастрофата и да ги споделиме со вас“, напишаа од компанијата на социјалната мрежа Инстаграм.
Наведено е дека е исплатена донација од еден милион долари на локални и светски хуманитарни организации.
10:15 Приведени 15 лица поради уривањето на згради во Дијарбакир
Во Туркије се приведени 15 од 39 осомничени под обвинение за недоследности во изградбата на зграда што се урна во турската област Дијарбакир, по разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије.
Обвинителството во Дијарбакир започна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на зграда што се урна во земјотресот на 6 февруари.
09:40 Повеќе од 36.100 загинати од силните земјотреси во јужна Туркије
Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије минатата недела, објави во четвртокот Агенцијата за катастрофи на земјата во најновите податоци од природната катастрофа.
Во моментов на терен работат повеќе од 253.000 лица за пребарување и спасување, се вели во соопштението на турското Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Најмалку 216.347 лица се евакуирани од регионите погодени од земјотресот досега, додаде АФАД.
Турското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека вкупно 7.098 странски персонал од 74 земји моментално ги продолжуваат своите напори на терен.
09:00 Недостигот на вода го зголемува ризикот за болести
Турскиот медицински персонал низ јужниот регион погоден од земјотресот работи на спречување на ширење на болести во центрите за евакуација каде што десетици илјади луѓе побараа засолниште.
Батир Бердикличев, претставник на Светската здравствена организација во Туркије, рече дека СЗО работи со турските власти за да го засили мониторингот на болестите што се пренесуваат преку вода, сезонскиот грип и Ковид-19 меѓу раселените.
Тој исто така рече дека има потреба од засилување на водоснабдувањето, велејќи дека недостигот „го зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат преку вода и појава на заразни болести“.
08:30 Албанскиот премиер донираше 1 милион долари за кампањата за помош на Туркије
Албанскиот премиер Еди Рама донираше 1 милион евра за новата кампања на Туркије за жртвите од земјотресот наречена Türkiye One Heart.
Обраќајќи и се на нацијата како глас на Албанија, Рама рече дека се длабоко тажни поради она што се случи во Туркије.
„Ние сме мала земја, но имаме големо срце. Никогаш нема да заборавиме што направија Туркије и претседателот (Реџеп Таип) Ердоган за нас во 2019 година, кога земјотресот ја погоди Албанија. Подготвени сме да дадеме се од себе за да го поддржиме турскиот народ. Сигурен сум дека благодарение на напорите на Туркије се ќе се постигне“, рече тој.
08:00 Премиерот на Пакистан ќе ги посети областите погодени од земјотресот
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф од четврток ќе престојува во дводневна посета на Туркије за да изрази солидарност со жртвите од катастрофата на 6 февруари.
За време на неговата посета, Шариф ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за „лично да пренесе искрено сочувство во име на целата пакистанска нација за загубата на скапоцени животи и широката штета предизвикана од земјотресот(ите).
Тој, исто така, ќе ги посети областите погодени од земјотресот во јужна Туркије и ќе комуницира со пакистанските тимови за пребарување и спасување распоредени во областа.