23.30 Повредените во земјотресите во Хатај се транспортираат во Адана
Амбулантните тимови ги евакуираат повредените од Хатај во Адана по двата земјотреси кои вечерва ја погодија оваа јужна турска провинција.
Надлежните власти поради мерки на претпазливост наредија евакуација на пациентите од две болници во Хатај и пациентите се транспортираат во болниците во Адана.
Пациентите, воглавно жртви на вечерашните и претходните земјотреси, ги превезуваат амбулантни возила и хеликоптери.
21:30 Министерот Сојлу со нови информации во врска со земјотресите
Најмалку три лица загинаа, а 213 други се повредени откако земјотрес ја погоди јужната турска провинција Хатај, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
„Тројца наши граѓани ги загубија животите; еден во областа Антакија, еден во областа Дефне и еден во областа Самандаг“, рече министерот Сојлу во изјава за медиумите. „Во тек се напори за пребарување и спасување на три локации“, додаде тој.
Сојлу им оддаде почит на загинатите и упати пораки на сочувство на граѓаните погодени од новите земјотреси кои се случија само две недели по разорните земјотреси со епицентар во Кахриманмараш.
21:00 АФАД: Регистиррани најмалку 32 последователни потреси
Според турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), досега се регистрирани најмалку 32 последователни потреси. АФАД соопшти дека земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случил околу 20:04 часот по локално време во областа Дефне во Хатај.
Само три минути подоцна, се случи нов земјотрес со јачина со јачина од 5,8 степени. Епицентар на тој земјотрес беше во округот Самандаг, исто така во провинцијата Хатај.
Потпретседателот Октај: Надлежните служби се на терен Потпретседателот на Република Туркије Фуат Октај по новите земјотреси во јужната провинција Хатај ги повика граѓаните да се оддалечат од оштетените згради.
Октај на социјалните мрежи наведе дека надлежните служби се на терен и ги повика граѓаните да не се доближуваат до оштетените згради. Исто така, тој ги повика граѓаните да се придржуваат до упатствата од надлжените служби на терен.