Се интензивираат напорите за помош на Туркије и Сирија / Photo: AA

22:00 Мобилизирани сите ресурси во подрачјата погодени од земјотресот

На подрачјето погодено од земјотреси на југот на Туркије и понатаму работат 19.436 луѓе за пребарување и спасување од АФАД и другите полициски и противпожарни единици, невладини организации и меѓународни тимови.

Во зоните на земјотрес се наоѓаат вкупно 245.198 луѓе од АФАД, полицијата, жандармеријата, Националниот спасувачки медицински тим (УМКЕ), итната помош, локалните тимови за озбедување и поддршка, волонтерите и теренскиот персонал.

Вкупно 12.681 возило, воглавно багери, шлепери, камиони, камиони за вода, приколки и слична градежна опрема, отпремени се на подрачјето на катастрофата.

Вкупно 38 бродови доделени се во регионот од страна на Министерството за одбрана и Командата на крајбрежната стража за потребите на персоналот, материјали и евакуација.

Завршено е поставување на 216.166 шатори, кои министерствата, надлежните институции и организации и различни земји и меѓународни организации го испратија во подрачјето погодено од земјотресите.

20:20 Зголемен бројот на загинати во земјотресите во Туркије

Бројот на загинати лица во земјотресите на југот на Туркије се зголеми на 41.020, соопшти турската Агенција за справување со катастрови и вонредни ситуации (АФАД).

18:00 Чавушоглу и Блинкен во Хатај, во посета на подрачјето погодено од земјотресот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен допатува во Туркије, и во Адана се сретна со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Чавушоглу го пречека Блинкен во воената база „Инџирлик“.

Чавушоглу и Блинкен потоа со хеликоптер на Турските вооружени сили (ТСК) заминаа за Хатај во обиколка на подрачјата погодени од земјотресот на југот на Туркије.

Дел од делегацијата беше и амбасадорот на САД во Туркије, Џефри Флејк.

Чавушоглу и Блинкен во Хатај, во посета на подрачјето погодено од земјотресот Others

13:00 АФАД: Зголемен бројот на загинатите на југот на Туркије

Јунус Сезер, претседателот на Управата за справување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) ги сподели најновите информации во врска со смртно страданите во земјотресот. „Во земјотресите на југот на Туркије досега загинаа 40.689 лица“, рече Сезер.

Завршуваат акциите на пребарување и спасување

Тој потвтди дека се завршуваат акциите на спасување со исклучок во некои делови. „Акциите на пребарување и спасување по земјотресите на југот на Туркије се завршени освен во Кахриманмараш и Хатај“, поврди Сезер.

Забележани повеќе од 6.000 земјотреси

По двата разорни земјотреси на 6 февруари, во регионот се забележани повеќе од 6.000 Шефот на Одделот за земјтореси и намалување на ризици при АФАД, Орхан Татар, ги изнесе најновите информации за земјотресите во регионот по двата разорувачки, со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени.

„Бројот на земјотресите потоа достигна 6.040. Меѓу нив, оние помеѓу 3, и 4 степени измерени се 1.628 пати, оние со јачина помеѓу 4 и 5 ги имаше 436, а земјотреси со јачина помеѓу 5 и 6 имаше 40. Освен тоа, забележан е уште еден земјотрес со магнитуда од 6,6“, рече Татар.

12:00 Одреден притвор за 131 лице во врска со срушените згради во земјотресите

Судовите во Туркије одредија притвор за 131 осомничено лице, кои имаат одговорност за рушењето и противзаконските измени на зонирање на зградите кои се уништени во разорниот земјотрес.

Според информациите на Анадолу (АА), во истрагите кои државното обвинителство ги покренало во врска со срушените објекти во земјотресите или кај кои се воочени промени на зонирање утврдена е одговорност кај 430 осомничени лица. Меѓу приведените за 131 лице е одреден притвор, а за 127 е одлучено да бидат пуштени со мерки за забрана. Полицијата трага по уште 85 лица.

09:00 ОН: Време е светот да ја возврати на великодушноста на Туркије

Висок функционер на Обединетите нации вели дека „сега е време“ светот „да врати на великодушноста“ што Туркије им ја пружи на Сиријците кои бегаат од граѓанската војна и за нејзината улога во преговорите за договорот за жито со Украина. Претставништвото на Обединетите нации ја повика меѓународната заедница да биде дарежлива кон Туркије, истакнувајќи ја помошта што земјата им ја пружи на Сиријците кои бегаат од војната и нејзините напори за договорот за жито во Црното Море.

„Туркије е домаќин на многу бегалци од различни делови на светот, а особено од Сирија. Луѓето треба да го паметат тоа и да бидат дарежливи затоа што Туркије беше дарежлива кон другите“, изјави постојаниот координатор на ОН во Туркије, Алваро Родригез, за ​​новинскатата агенција Анадолу (АА).

„Сега е време меѓународната заедница, во извесна смисла, да ја врати таа великодушност сега кога тоа и треба на Туркије“, рече тој. Апелот на Родригез доаѓа откако Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави најмалку два силни последователни потреси со јачина од 5,5 и 5,2 степени во централниот регион на Туркије.

На 14-тиот ден од разнорните земјотреси, бројот на загинати во Туркије изнесува 40.642 , според последните податоци ажурирани во неделата наутро. Бројот на загинати во земјотресите во Сирија достигна 5.814, со што вкупната бројка на загинати во двете земји достигна најмалку 46.456.

08:30 Анализата покажува дека земјотресот на 6 февруари траел 80 секунди

Анализата спроведена од Опсерваторијата Кандили и Институтот за истражување на земјотреси при Универзитетот Богазичи покажа дека земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди југот на Туркије на 6 февруари испрати „три различни потреси и траеше околу 80 секунди“.

Во друга објава на социјалните мрежи на Твитер, опсерваторијата Кандили исто така објави дека повеќе од 5.700 последователни потреси се веќе регистрирани по катастрофата.

Во неделата наутро, еден од последователните потреси регистриран со јачина од 4,6 степени, со епицентар во областа Кирискал-Нурдаги во Газиантеп.

08:00 Бесплатните летови за евакуација се продолжени до 1 март

„Турк Хавајолари“ (ТХЈ) објави дека до 1 март ги продолжува своите бесплатни летови за евакуација на поединци од погодените области од земјотресот на 6 февруари.

„Наши летови за евакуација од Адана, Дијарбакир, Елазиг, Газиантеп, Хатај, Кахраманмараш, Малатија и Шанлиурфа ќе продолжат бесплатно до 1 март 2023 година. За да се обезбеди процесот на евакуација, треба да се пристигне на аеродромот со резервација. Предност ќе ги има патниците со резерва, а доколку има слободно место, ќе се примаат и ќе бидат без резервираност“, соопшти ТХЈ.

Компанијата изврши над 3.000 летови од земјотресите пред две недели, опслужувајќи најмалку 265.000 луѓе. Испрати и 10.753 тони помошни материјали.

TRT Balkan / агенции
Популарни