Спасувачки акции и на 13-тиот ден од земјотресите во Туркије / Photo: AA

16:00 AФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси на југот на Туркије се зголеми на 40.642

Бројот на загинати во разорните земјотреси на југот на Туркије се искачи на 40.642, изјави шефот на Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), Јунус Сезер. Како што истакна, на подрачјата погодени од двата разорни земјотреси регистрирани се над 5.700 последователни земјотреси.

„Денес повторно имавме добри вести во операциите за пребарување и спасување. Имавме граѓани кои го преживеаја 13-тиот ден. Тоа ни даде и надеж и среќа. За жал, се бележи пораст на бројот на наши граѓани кои ги загубија животите. Бројот на загинати порасна на 40.642“, изјави Сезер.

Како што истакна, операциите за пребарување и спасување во најголем дел се завршени.

„Вчера во Хатај беа спроведени акции за пребарување и спасување во околу 200 објекти. Денеска во 98, а од утре овде во голема мера ќе дојдеме до крајот. Исто така, ни останаа уште 19 објекти во Кахраманмараш. Нашата работа овде, вклучително и локацијата Ебрар, продолжува“, појасни Сезер.

Тој рече дека на потрага и спасување во Хатај работат 13.000 луѓе. Сезер им се заблагодари на меѓународните единици за пребарување и спасување, на вкупно 11.488 луѓе кои дојдоа од 80 земји за пружање поддршка.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија уште 11 турски области на југот на земјата населени со над 13 илјади луѓе, уништувајќи илјадници згради.

10:15 Чудо во Туркије: Дури 296 часа по земјотресот во Антакија спасени се три лица

Три лица се спасени меѓу кои и едно дете по поминати неверојатни 296 часа под урнатините од земјотресите со 7,7 и 7,6 степени според Рихтер кои ја погодија јужна Туркије на 6 февруари.

Спасувачката акција е спроведена во Хатај, една од 11-те погодени провинции од земјотресите. Екипите за пребарување и спасување ги извлекоа преживеаните од остатоците на урнатата зграда во областа Антакија, во уште едно чудесно спасување.

Од под урнатините на зграда во Антакија спасени се три лица, меѓу кои и дете. Спасени се жена, маж и дете, чиј идентитети уште не се утврдени.

Спасувачките екипи, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.

08:00 Ердоган имаше телефонски разговор со девојката пронајдена жива по 248 часа под урнатините

Во телефонски разговор, претседателот Реџеп Таип Ердоган и посака брзо закрепнување на Алејна Олмез, млада жена која беше извлечена жива од урнатините на урната зграда 248 часа по силните земјотреси што ја погодија јужна Туркије.

Ердоган имаше телефонски разговор со девојката пронајдена жива по 248 часа под урнатините AA

Спасувачите во четвртокот ја пронајдоа Олмез (17) жив под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Кахраманмараш.

Потоа била пренесена во болница во главниот град Анкара. Изразувајќи ја својата среќа поради доброто здравје на Алејна, Ердоган рече дека ќе ја посети веднаш штом пристигне во Анкара, според Дирекцијата за комуникации на земјата.

TRT Balkan / агенции
Популарни